Репрезентацијата на Србија, синоќа по продолженија ја совлада Норвешка со 1-2 и се пласираше во финалето од плеј-офот во Лигата на нации каде ќе се сретне со репрезентацијата на Шкотска. Двоен стрелец за Србите беше Сергеј Милинковиќ-Савиќ, додека првата ѕвезда на Норвежаните, Ерлинг Халанд не беше на ниво.
„Не сакам да пцујам, но ова е многу незгодно. Имавме фантстична шанса да се пласираме на ЕВРО, но едноставно не бевме доволно добри. Се надевам дека во иднина ќе успееме да се пласираме на некое големо натпреварување“, изјави Халанд.
Србија исто како и Македонија на 12. ноември ќе игра меч за пласман на Европското првенство 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА