Халанд: Реал не се одбива, но Сити беше совршен избор

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд ова лето го напушти Дортмунд, и направи трансфер во Манчестер Сити, и продолжи да ги „решета“ противничките мрежи. Во шестото коло во Премиер-лигата постигна гол, но само за „реми“ на неговиот тим против Астон Вила.

Пред да премине во Сити, сите зборуваа дека ќе оди во Реал Мадрид, но тоа не се случи. На крајот високиот напаѓач заврши во шампионот на Англија.

Направен е документарец со Халанд, во кој го прашаа како е можно да го одбие Реал.

„Не можеш Реал да го одбиеш“, рече Халанд, а во разговорот се вклучи и неговиот татко Алф-Инге. 

„Критериумите за одлучување беа јасни. Размислувавме за тоа на кој клуб му треба класичен шпиц. Во Реал тоа е Бензема, и играше фантастично, а згора на тоа се споменуваше и доаѓање на Мбапе. Па така, Сити излезе вистински потег“, рече Алф-Инге. 

Во документарецот Халанд открива дека бил во преговори и со Баерн Минхен, и спомена дека тимот не се однесувал фер кон Роберт Левандовски. Таткото, пак, кажа дека Баерн ги водел разговорите во тајност, но новинарите откриле се, и токму поради тоа Левандовски се налутил и побарал трансфер.

Се вчитува...