Халанд сака во Реал Мадрид: Но, „кралевите“ се шокирале од сумата за која може да го добијат!

Ерлинг Халанд никогаш не криел дека сака во својата кариера да игра за Реал Мадрид. Исто како што и „кралевите“ го посакуваат него. „Атлетик“ ја објавува причината зошто дошло до најголемиот и најконтроверзен пресврт во историјата на големите трансфер па Халанд потпишал за Манчестер сити.

Халанд минатото лето со отштета од 60 милиони евра се пресели во Сити, а таму во 48 меча постигна 52 гола. „Атлетик“ повторно ја актуализираше интригантната но заборавена приказна за тоа што Норвежанецот сега не игра за Реал, туку се труди да го исфрли од полуфиналето во ЛШ.

„Стратегијата на Сити околу Халанд ја водеа главниот оперативец Омар Берада и спортскиот директор Бегириштајн, кој фокусот го насочија во тоа да го убедат неговото семејство дека во Реал Мадрид Ерлинг тешко би добил шанса пред легендата Карим Бензема и очекуваното засилување Килијан Мбапе. Па, на крај, и покрај тоа што од Борусија Дортмунд веќе го одбраа Реал, Халанд го одбра Сити. Се плашеше дека француската двојка ќе му ја украде минутажата, статусот и медиумското внимание“ – пишува „Атлетик“ но сега дополнува:

„Љубовта меѓу Халанд и Реал, сепак, не е завршена. Халанд и натаму сам одлучува за својата иднина. Од сигурни извори дознаваме дека во јуни 2024 година Халанд може да го напушти Сити за 200 милиони евра, додека во јуни 2025 година сумата се спушта на 175 милиони евра. Реал дознал за овие услови, па со неверување ги прифатил тие факти. Кралевите се шокирале од сумите!“.

Се вчитува...