Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ги сумираше своите впечатоци по вчерашната победат над Ливерпул.
Манчестер Сити го победи Ливерпул на Енфилд со 1-2 во натпреварот од 25. коло од англиската Премиерлига.
Ливерпул поведе со фантастичниот гол на Доминик Собослај од слободен удар во 74. минута, а Бернардо Силва во 84. и Ерлинг Халанд во 90+3. минута го донесоа пресвртот.
Халанд по натпреварот изјави дека судијата морал да ги почитува правилата, но дека му е жал за Доминик Собослај.
„За мене, секако, е јасно дека судијата мораше да ги почитува правилата. Но, на крајот, ми е жал за Собослај, бидејќи ќе биде суспендиран три натпревари. Ќе беше подобро да го примеше голот без да му покаже црвен картон. Едноставно така е. Но, се чини, такви се правилата. На крајот, Черки ми ја испрати топката, успеав да ја дофатам и да ја удрим, тој ме влечеше и тоа е според правилата“, рече Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

