Лионел Меси дојде до својата осма Златна топка во кариерата, а многумина сметаат дека е нанесена неправда кон Ерлинг Халанд, кој што беше најдобар стрелец во минатата сезона, а неговиот тим Манчестер Сити дојде до тројна круна.
Сепак, благодарение на освоениот Мундијал во Катар, Меси се закити со ова признание. Халанд после 24 часа се огласи на социјалните мрежи, откако стана јасно дека тој нема да ја освои Златната топка, туку по осмипат ќе биде Меси. Норвежанецот покажа големо достоинство, честитајќи му на Аргентинецот за признанието.
Халанд на социјалните мрежи објави фотографија од Меси кој позира со Златната топка и му упати честитки.
Во својот говор кога ја прими наградата, Меси кажа дека Халанд и Мбапе се идните кандидати за освојување на оваа награда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА