Халанд се „почести“ со луксузен автомобил вреден 320.000 евра, го заработи за три дена

„Гол машината“ Ерлинг Халанд, фудбалерот на Манчестер Сити, е познат што сака да ужива во луксузен живот. Го привлече вниманието на јавноста кога на тренингот на англискиот првак стигна со најнов автомобил. Станува збор за Ролс Ројс Кулинан.

Цената на споменатиот автомобил изнесува 320.000 евра, но тоа е најмал проблем за Халанд, кој неделно заработува околу 1 милион евра. Па така тамошните медиуми заклучија дека автомобилот го заработил за само три дена.

Но, ова не е единствениот автомобил во неговата гаража. Претходно е виден со Ауди Р6 Авант и Ренџ Ровер Спорт, додека за време на престојот во Дортмунд, возеше Мерцедес АМГ ГЛЕ Купе кој чини 100.000 евра.

Се вчитува...