Халанд се врати во победата на Сити над Барнли, Тотенхем во трилер-меч подобар од Брентфорд (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити стигна до рутинска победа на домашен терен против Барнли со 3-1 во натпревар од 22. коло во Премиер-лигата. „Граѓаните“ стигнаа до брзо водство од 2-0 со двата гола на Алварез во 16. и 22. минута, фудбалер кој вечерва го прослави 24. роденден.

На 3-0 зголеми Родри во 46. минута, додека конечните 3-1 беа дело на Ал Дакил во 93. минута. Кам-бек во дресот на Сити направи Ерлинг Халанд кој по паузата поради повреда се врати во тимот, а во игра влезе во 71. минута на местото на Де Брујне.

Manchester City [3] – 0 Burnley – Rodri 46‎’‎
byu/MarcoRuss insoccer

Во вториот меч од програмата во 20.45 часот Тотенхем во трилер натпревар успеа на домашен терен да слави над Брентфорд со 3-2. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Нил Мупај во 15. минута. Блиц-криг имаа домаќините на стартот на вториот дел откако во само две минути направија целосен пресврт (48. и 49. минута) со головите на Удогие и Џонсон. На 3-1 зголеми Ришарлисон во 56. минута, додека конечните 3-2 беа дело на Тони во 67. минута.

Tottenham [3] – 1 Brentford – Richarlison 56′
byu/PSGAcademy insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...