Халанд шокираше со изборот на исхрана: Напаѓачот на Сити јаде срце и дроб! (ВИДЕО)

Новиот напаѓач на Сити, Ерлинг Халанд ја продолжи голгетерската форма од Борусија Дортмунд во Англија и за кратко успеа да ја воодушеви јавноста.

Халанд веќе постигна десет погодоци на шест натпревари во Премиер лигата, или поточно, постигна вкупно 12 во дресот на Манчестер Сити на самиот старт на новата натпреварувачка сезона.

Овие бројки ветуваат неверојатен крај на сезоната доколку го поштедат повредите, а Халанд во мини-документарецот кој го направи со блискиот пријател кој е новинар, откри дека ја променил диетата за да биде во врвна форма.

Во документарецот кој го прави новинарот Фјортофт кој е семеен пријател на семејството Халанд, Ерлинг му открива дека пие огромни дози на филтрирана вода во текот на денот за да го исчисти телото, а во нутриционистката диета, вклучени му се и јадење срце и црн дроб.

„Го јадеш ова … , – зачудено гледа Фјортофт, додека Халанд со насмевка на лицето потврдува дека тоа е редовна исхрана во неговото мени.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=iQyDDrXfyvA&feature=emb_logo

 

Се вчитува...