Ерлинг Халанд успеа да го спаси Манчестер Сити и покрај негативата во мечот против Брентфорд за конечна победа од 2-1 во 4. коло од Премиерлигата.
Брентфорд поведе на гостувањето кај Сити со голот на Виса уште во 1. минута од натпреварот. Но, потоа на сцена стапи Ерлинг Халанд кој со два гола донесе пресврт за победа.
Халанд најпрво погоди во 19. минута за 1-1, а потоа стрелаше и во 32. минута за конечни 2-1.
Но, Ливерпул немаше кој да го спаси од пораз од Нотингем Форест и тоа среде „Енфилд“. Нотингем Форест славеше со 0-1, и тоа е прва победа за нив на „Енфилд“ против Ливерпул по цели 55 години.
Хадсон-Оди во 72. минута постигна прекрасен погодок за триумф на Нотингем Форест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА