Халанд: Уште пред да дојдам во Сити Гвардиола ми се закани со ќотек

Ерлинг Халанд се покажа како вистински погодок за Манчестер Сити. Норвешкиот стратег го засили англискиот тим претходното лето за 80 милиони евра и веќе во првата сезона во Премиерлигата постави нов рекорд во вкупниот број на голови во една сезона, притоа предводејќи ги „граѓаните“ до три големи трофеи.

Говорејќи за англиските медиуми голгетерот откри и интерсен разговор со тренерот Пеп Гвардиола кој настанал уште пред самиот трансфер.

„Пеп многу бара од нас и се грижи за многу работи. Кога разговаравме пред самата реализација на мојот трансфер посебно ми нагласи дека е важно да бидам фокусиран во текот на тренинг. Ми рече дека ќе ме претепа ако не придржувам за тоа.

Така е со него во Манчестер Сити и затоа сме многу успешни. Постои притисок, но тоа е присутно и индивидуално и тимски. Се бара максимален фокус на секој тренинг бидејќи во останатиот дел од денот се одмаравме“, изјави Халанд.

Се вчитува...