Халанд за кризата: Јас сум виновен, не ги користам шансите… Пеп ќе најде излез…

Резултатската криза на Манчестер Сити уште повеќе се продлабочи откако „граѓаните“ попаднево загубија и на гостувањето против Астон Вила со 2-1, резултат по кој актуелниот англиски првак падна на шестото место на премиерлигашката табела.

Ерлинг Халанд имаше уште еден разочарувачки натпревар во кој не успеа да се запише меѓу стрелците, а Халанд веднаш по мечот презеде голем дел од одговорноста за резултатската криза на својот тим.

„Игравме со Астон вила, тим што е многу квалитетен, но ние сме Манчестер Сити, актуелни шампиони на Англија и секако дека се очекува мнгу повеќе од нас од она што го покажавме. Мораме добро да се погледнеме во очи, јас тргнувам од самиот себе, имам шанси што не успевам да ги претворам во гол, така што сигурно сум еден од главните виновици за она што ни се случува. Знаете колку е важно да се има самодоверба во светот на фудбалот, ние на крајот сме само луѓе и сето ова допира до нас. Мораме да останеме позитивни и да излеземе посилни од целата ситуација“, изјави Халанд.

Извонредниот стрелец е убеден дек Сити набрзо ќе најде излез од оваа неочекувана ситуација, и тоа благодарение на Пеп Гвардиола.

„Пеп ја има освоено титулата шест години во последните седум години, тој ќе најде одговор и за оваа криза. Ние веруваме во нашиот тренер, но мораме да работиме уште понапорно и на тренинзите и на натпреварите“, истакна Ерлинг Халанд.

Се вчитува...