Халеп без проблеми до осминафинале, Шварцман елиминиран од Австралија опен

Втората тенисерка во светот, Симона Халеп без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако во 3. коло славеше над Русинката, Вероника Кудерметова со максимални 2-0, по сетови (6-1 и 6-3). Во осминафиналето Романката ќе се сретне со со подобрата од мечот меѓу Полјачката Ига Швјонтек и Французинката Фиона Феро.

Кај мажите елиминиран е деветтиот носител, Диего Шварман кој со 3-0 (6-3, 6-3 и 6-3) беше поразен од Русинот Аслан Карасев. Изненадување не дозволи Милош Раониќ кој со 3-1 во сетови (7-6, 5-7, 6-2 и 6-2) го совлада Мартон Фучович од Унгарија.

Се вчитува...