Халеп е на еден меч до враќање на првото место на ВТА

Симона Халеп е на еден чекор до враќање на лидерската позиција на ВТА листата по пласманот во полуфиналето на турнирот во Мајами. Сега и е потребно само да обезбеди место во финалната пресметка и ќе ја симне Наоми Осака од најдобрата позиција.

Романката за пласман во финалето ќе треба да биде подобра  во полуфиналната пресметка од петтата тенисерка во светот, Каролина Плишкова.

За четвртфиналната победа, Халеп се избори со пресврт откако во вториот сет против кинеската Ванг Кванг беше во негатива од 5-1, но потоа доби шест последовни гема и го освои сетот со 7-5.

Романската тенисерка на местото број еден во светот првпат беше во ноември 2017 година кога стана седмата што успеала да биде број еден без освоена грен-слем титула.

Во вторто полуфинале на турнирот во Мајами ќе играат Естонката Анет Контавет и Австраликата Ешлли Барти.

 

 

 

Се вчитува...