Повредата на грбот и создава сериозни проблеми на Симона Халеп, па романската тенисерка беше принудена и да го откаже својот настап на турнирот во Москва. Таа последен пат настапи на турнирот во Кина, по што најави дека ќе се обиде да се рехабилитира навреме за настап во Москва, но очигледно е дека повредата на грбот е посериозна од првичните лекарски прогнози.
„Сторив се што можев за да можам да играм, но за жал грбот се уште ми создава сериозни проблеми и не смеам да ризикувам. Разочарувањето е големо, но свесна сум дека здравјето мора да ми биде секогаш на прво место“ – изјави Халеп.
По ваквиот развој на настаните, мали се шансите Романката да може да се рехабилитира и за завршниот турнир на ВТА-шампионатот во Сингапур, но без оглед на повредата Халеп ќе ја заврши годинава на првото место на ВТА-листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА