Симона Халеп во голем стил го освои својот прв трофеј на Вимблдон, откако во денешното големо финале славеше над Серена Вилијамс со 2-0 во сетови. Фактот дека од досегашните десет меѓусебни дуели имаше само една победа над Американката беше само мотив повеќе за романската тенисерка, која со извонреден настап ја растури Серена, за која ова беше трет пораз во низа на финалињата од гранслем турнирите.
Мечот почна онака како што Халеп само можеше да посака, не само што Романката веднаш стигна до брејк, туку и поведе со 4-0 во сетови. Вилијамс само за момент се консолидираше, но Халеп го доби првиот сет со 6-2. Вториот донесе понеизвесен почеток, но потоа при 2-2 романската тенисерка повторно освои два брејка во низа и го освои пехарот со убедливи 6-2, 6-2. Како пресудни се покажаа неизнудените грешки, Халеп за двата сета имаше само три, наспроти 26 на Серена Вилијамс.
За Симона Халеп ова е втора гранслем титула во кариерата, по онаа ланската на Ролан Гарос во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА