Поранешната најдобра тенисерка во светот Симона Халеп е многу нервозна, откако поминаа седум месеци откако двократната беше суспендирана, а таа тврди дека ги испратила доказите до ИТФ уште во декември.
Таа вели дека едноставно е невозможно да чека толку време за носење на конечната одлука која ја чека повеќе од шест месеци.
„Барам само пресуда, не барам посебен третман. Уште колку ќе трае ова?“, изјави Халеп.
Наводно, рочиштето треба да биде на крајот на мај, но од ИТФ не се сигурни во тоа. Халеп лани во октомври беше известена дека била позитивна во август, а оттогаш десет пати била негативна. Таатврди дека спорната супстанца била пронајдена во еден од додатоците, но ИТФ тоа не го прифаќа, па нејзината суспензија се уште стои.
Романката е поранешна освојувачка на Ролан Гарос и Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

