Романката Симона Хелеп веќе не е најмалерозната прворангирана тенисерка на светот. Таа успеа конечно да освои трофеј на гранслем турнирите, откако претходно трипати губеше во финалето. Но, овојпат со 2-1 во сетови славеше против Слоун Стивенс и го оствари својот сон.
„Кога имав 14 години, одлучив да се бавам професионално со тениот. Уште оттогаш, мој сон беше да освојам трофеј на гранслем турнирите. Сонував да го освојам Ролан Гарос, и сега мојот сон стана реалност. Нема поубаво чувство“, изјави Симона Халеп по освојувањето на пехарот на Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА