Некогаш најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, е казнета со ригорозна суспензија од четири години поради позитивниот допинг тест при настапот на ланското издание на УС Опен.
Таа вели дека не ја прифаќа оваа одлука и дека ќе ја продолжи борбата со која ќе покаже дека е невина во целиот случај.
„Последната година беше најтешкиот натпревар во мојот живот. За жал, мојата борба продолжува. Го посветив животот на една убава игра – тенисот. Сериозно ги сфаќам правилата на нашиот спорт и горда сум на фактот што никогаш свесно или намерно не сум земала недозволена супстанција. Одбивам да прифатам суспензија од четири години. Бев тестирана речиси секоја недела по мојот прв позитивен тест и сите тие тестови беа негативни. Играв на 200 турнири и освоив два гранд-слема и секогаш бев чиста“, напиша Халеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

