Романката Симона Халеп во трилер натпревар стигна до победа од 2-1 (4-6, 6-4 и 7-5) над Хрватката со австралиски пасош Алја Томљановиќ во второто коло на првиот грандслем во сезоната, Австралија опен. Романката слабо го отвори натпреварот и го загуби првиот сет со 4-6. Откако на ист начин возврати во вториот имаше големи проблеми и во одлучувачкиот сет. Австралијката имаше предност од 5-3, но со четири гема во низа Халеп успеа да се извлече и да обезбеди пласман во 3. рунда во Меблбурн. Таму таа ќе игра со Вероника Кудерметова од Русија.
Без поголеми проблеми пласман во третото коло забележа третата носителка, Јапонката, Наоми Осака која со максимални 2-0 (6-2 и 6-3), славеше над Французинката Каролине Гарсија. Пласман понатаму забележа и шампионката од Ролан Гарос, Ига Швјонтер која беше подобра од Италијанката, Камила Џорџи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

