Халеп убедлива против Азаренка

Најдобрата романска тенисерк Симона Халеп ја декласираше Викторија Азаренка од Белорусија во трето коло на Вимблдон. Мечот кој не ги оправда очекувањата Романката го доби со сигурни 2-0 (6-3 и 6-1). Неизвесно беше само до резултат 3-3 во првиот сет, по кој поранешната прва тенисерка на светот до крајот на мечот на Азаренка и дозволи само еден гејм.

Во осминафиналето Халеп ќе се сретне со подобрата од мечот меѓу американската тин-сензација Кори Гоф и словенечката тенисерка Полона Херцог.

Се вчитува...