Романката Симона Халеп е првата финалистка на Вимблдон, откако во полуфиналето ја совлада Елина Свитолина од Украина со максимални 2-0 (6-1 и 6-3). Натпреварот беше неизвесен само во првите два гема кои се играа 20 минути, а Романката успеа да стигне до почетна предност од 2-0. Во продолжението на сетот Халеп беше доминантна завршувајќи го со 6-1. Во вториот сет поранешната освојувачка на Ролан Гарос направи брејк во седмиот гем за предност од 4-3 што беше доволно за конечна победа од 2-0.
Во второто полуфинале се среќаваат Американката Серена Вилијамс и Барбора Стрицова од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА