Халер на операција за отстранување на туморот: Се надевам дека со ова ќе се стави крај

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Халер ќе оди на операција за отстранување на туморот на тестисите. 28-годишниот фудбалер одеше на хемотерапија откако му беше дијагностициран тумор на тестисите пред почетокот на сезоната.

Халер лани експлодираше во Лигата на шампионите, а летоска се пресели во Дортмунд како замена за Халанд, кој замина во Сити.

„Борбата за мене не е завршена. Ќе морам да одам на операција за трајно да се стави крај на овој тумор кој ме држи далеку од теренот. После хемотерапијата беа разгледани различни можности“, напиша Халер на социјалните мрежи.

Се вчитува...