Халибартон ќе ја пропушти целата следна сезона во НБА

Лоша вест доаѓа од САД, а таа вели дека најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибартон ќе ја пропушти целата следна сезона.

Причина за неговото отсуство е тешката повреда на ахиловата пета за која беше потребна операција, а сега го чека долго опоравување кое ќе трае меѓу осум и десет месеци.

Оваа информација на новинарите им ја потврди и самиот претседател на Индијана, Кевин Причард, кој изјави дека постои можност малку порано да се врати на теренот, но дека никој не сака да го ризикува неговото здравје бидејќи работата е сериозна и предвременото враќање може да му предизвика сериозни трајни последици.

Отсуството на Халибартон е сериозен удар за Индијана, која минатата сезона беше на прагот да ја освои титулата во НБА под негово водство.

Се вчитува...