Хрватскиот бек во составот на Металург, Халил Јагањац, е меѓу шесте најдобри дебитанти во првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите, во изборот на Европската ракометна федерација.
Во десет натпревари од групната фаза, 19-годишниот Хрват постигна 52 гола и имаше забележителна улога во играта на „металурзи“ кои пак го завршија настапот со две победи едно реми и седум порази.
Покрај Јагањац, од новите лица во елитното ракометно натпреварување меѓу одбраните се уште и Даниел Душебаев кој сезонава настапува како позајмен играч од Кјелце во Целје, Јанус Дади Смарсон (Алборг), Едуард Кемф (ПСЖ), Мелвин Ричардсон (Монпелје) и Емил Нилсен (Скјерн).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА