Во Мароко веќе се шпекулира дека фудбалската федерација на таа земја ќе му врачи отказ на селекторот Вахид Халилхоџиќ, и покрај тоа што ја однесе селекцијата на Мундијалот во Катар.
Федерацијата, пак, официјално објави дека Халилхоџиќ и натаму ќе биде селектор.
„Сакаме да ги демантираме информациите во медиумите дека Халилхоџиќ добил отказ. Сакаме јасно да кажеме дека тој и натаму е селектор. Не сме имале никаков состанок со него затоа што е на одмор, и ќе се врати во текот на седмицата“, порачаа од Фудбалската федерација.
Наводно од Федерацијата го притиснале Халилхоџиќ да ги врати Зијех и Мазраиу во националниот тим, по што тој одбил, и затоа ќе добие отказ непосредно пред Мундијалот. Ова е вторпат Вахид да добие отказ пред Светско првенство, откако доби отказ од Јапонија непосредно пред Мундијалот во Русија.
Веќе се шпекулира и за негов наследник. Медиуми пренесуваат дека на местото на Халилхоџиќ ќе дојде поранешниот тренер на Порто, Челси, Тотенхем и Зенит, Андре Вилјаш Боаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА