Хамбургер со реми од Менхенгладбах на „кам-бекот“ во Бундеслигата

Борусија Менхенгладбах на свој терен не успеа да го совлада Хамбургер, во првото коло во Бундеслигата. На крајот мечот заврши без погодоци.

Повеќе од играта и од шансите имаа домашните, но не го најдоа патот до голот. Хонорат ја имаше првата шанса за одмашните, но голманот Фернандес одбрани. Табаковиќ во 44. минута се обиде, меѓутоа топката отиде само крај голот.

Во вториот дел немаше големи шанси. Во 89. минута Хамбургер постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Се вчитува...