Хамес ги шокираше сите со новата фризура, а потоа се посрамоти на теренот (ВИДЕО)

Хамес Родригез пред два месеци ги изненади сите со одлуката да го напушти Евертон и да потпише за катарскиот Ал Рајан. Колумбиецот пристигна во Евертон како големо засилување од Реал Мадрид во летото 2020 година и имаше солидна сезона во Гудисон, но доаѓањето на Рафаел Бенитез за тренер не му одговараше најдобро.

Бенитез барал од Хамес да даде се од себе на секој тренинг и да се бори за место во стартниот тим, но Колумбиецот очигледно не мислел дека треба да го направи тоа. Тој на крајот ја загуби својата првотимска позиција и реши да го напушти клубот. Иако имаше неколку понуди од Европа, сепак одлучи кариерата да ја продолжи во Катар, што беше огромно изненадување.

Меѓутоа, пристигнувањето во Катар само го продолжи кошмарот. Веќе во четвртиот натпревар за Ал-Рајјан, Родригез доби црвен картон поради удирање на судијата и подоцна беше суспендиран речиси два месеци. Колумбиецот вчера конечно се врати на терените, но со својот нов изглед ги шокираше сите. Ја обои косата сина и стана главна тема на социјалните мрежи.

Колку е далеку од формата најдобро покажува ситуацијата на последниот натпревар, на кој неговиот тим беше поразен со 1-0, кога тој ја промаши топката и се посрамоти.

 

Хамес некогаш беше еден од најголемите таленти во светот, но направи серија погрешни потези во кариерата кои на крајот го чинеа. Иако има само 30 години, јасно е дека е далеку од вистинската форма, а заминувањето во Катар потврди дека повеќе не е толку мотивиран кога е фудбалот во прашање.

 

 

Се вчитува...