Хамес Родригез нема да остане во Баерн Минхен, а за него нема место ниту во тимот на Реал Мадрид откако Зинедин Зидан јасно ставил до знаење дека Колумбиецот ќе треба што поскоро да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Наполи би требало да биде клубот во кој одличниот офанзивец ќе ја продолжи кариерата откако тој веќе водел разговори со Карло Анчелоти и искажал подготвеност да се пресели во таборот на италијанскиот вицепрвак.
Впрочем, Анчелоти беше тренерот под чие водство Хамес играше извонредно во Реал, па јасно е зошто овој ас сега сака повторно да настапува за трофејниот стратег.
На потег сега е претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој ќе треба да се договори со Флорентино Перез околу висината на отштетата за трансферот да биде комплетиран. Во прилог на „наполитанците“ оди фактот дека за Хамес не се заинтересирани премногу клубови, самиот фудбалер инсистира на преселба во Неапол, што ќе придонесе неговата вредност да се спушти на околу 40 милиони евра, или евентуално да се разговара за едногодишна позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА