Хамес Родригез нема намера да го продолжи престојот во Баерн Минхен по истекот на двогодишната позајмица во овој клуб и ќе се врати назад во Реал Мадрид. Колумбиецот играше одлично во вториот дел од ланската сезона, беше подготвен да потпише и долгогодишен договор со Баерн, но ситуацијата се промени со доаѓањето на Нико Ковач на чело на баварскиот гигант.
Германските медиуми во последните два месеци информираа за бројни конфликти меѓу Хамес и Ковач, а откако управата реши да застане на страната на тренерот, Родригез донел и конечна одлука на крајот од сезонава да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.
„Дефинитивно се враќам во Мадрид, нема веќе никакви дилеми“ – наводно изјавил Хамес за колумбиските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА