Хамес Родригез добива нова шанса во Европа

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез се прикажа во одлично светло на Копа Америка каде неговата држава стигна до финалето, а и покрај тоа што претрпе пораз од Аргентина, тој беше одбран за најдобар фудбалер на шампионатот.

Фудбалерот кој своевремено вредеше 80 милиони евра сега е фудбалер на Сао Паоло, но не за долго судејќи по интересот и на самиот Родригез да се врати во Европа како и желбата на неколку европски клубови да му дадат нова шанса на „стариот континент“. Поради тоа тој веќе издејствувал раскин на договорот и би можел да реализира нов трансфер за пет милиони евра.

Како една од можните дестинации се споменува Евертон, неговиот претпоследен клуб во Европа. Покрај за англискиот тим Родригез настапуваше и за Реал Мадрид, Порто, Баерн Минхен, Монако и Олимпијакос притоа освојувајки првенствени титули во Шпанија, Германија и Португалија. Со Реал Мадрид два пати ја освои Лигата на Шампиони, а со Порто Лига Европа.

Се вчитува...