Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез ја одбил понудата на Карло Анчелоти да се пресели во Неапол и да го облече дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи. Многу повеќе му се допаѓа идејата да остане во Мадрид, а има огромна шанса да се пресели во составот на Атлетико.
По трансферот на Антоан Гризман во Барселона, мадридскиот клуб ослободи дел од средствата и сега тргнува во офанзива за ангажман на Хамес Родригез. Реал Мадрид бара 42 милиони евра за Колумбиецот кој има уште две години од актуелниот договор што го врзува на „Сантијаго Бернабеу“, но јасно е дека Зинедин Зидан не смета на него и ќе му даде дозвола да си замине, доколку биде платена отштетата.
Наполи имаше огромна желба да го ангажира Хамес Родригез, а сега најверојатно ќе се фокусира максимално на ангажман на македонскиот мегаталент Елиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА