Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез најде нов клуб само неколку дена откако го раскина договорот со Рајо Валјекано.
33-годишниот офанзивец потпиша договор со мексиканскиот Леон, соопштија од клубот од Гуанахуато.
Родригез го стави својот потпис на договорот со мексиканскиот клуб до крајот на 2025 година и ќе се обиде да ја „оживее“ кариерата која со години е во голем пад.
Колумбиецот во август потпиша договор со Рајо Валјекано и одигра само седум натпревари на кои забележа една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА