Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез побара состанок со челниците на Баерн Минхен на кој сака да дискутира за неговата иднина на „Алијанц арена“. Тој не е задоволен со статусот што го има во составот на Нико Ковач и размислува за заминување. Тоа најверојатно ќе го искористи италијанскиот првак Јувентус кој планира да го доведе Хамес Родригез во Торино следното лето.
Колумбиецот во 2017 година се пресели од Реал Мадрид во Баерн Минхен на двегодишна позајмица која истекува на крајот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА