Интер значително ќе го реновира својот тим во летниот преоден рок. Новите кинески сопственици ќе го одврзат ќесето за нови засилувања, а во текот на идната седмица треба да биде доведен и новиот тренер. Според сите очекувања, тоа треба да бид Лучијано Спалети, кој в недела за последен пат ќе ја предводи Рома против Џенова, и потоа ќе се пресели на „Џузепе Меаца“. Тој препорачал неколку нови засилувања, а меѓу нив е и името на Хамес Родригез, колумбискиот интернационалец од редовите на Реал Мадрид.
Играчот за врска на Реал Мадрид е незадоволен од минутажата во „кралскиот клуб“ и размислува за заминување, а Интер е подготвен да му даде годишна плата од 7 милиони евра. Единствен проблем за „нероаѕурите“ е фактот дека клубот нема да игра во Европа следната сезона, па тоа може да биде и пречка за ангажман на фудбалери кои имаат големи амбиции. Покрај Хамес Родригез, Спалети сака во новиот Интер да ги види и Стротман и Наинголан од Рома, како и Дармијан од Манчестер јунајтед. Во план е и ангажман на двајца дефанзивци од Реал Мадрид, Данило и Пепе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА