Рајо Валјекано минато лето успеа да го донесе Хамес Родригез, но веќе во зима може да остане без него. Голем број на клубови го сакаа Колумбиецот, бидејќи тој на Копа Америка покажа дека се уште може да игра фудбал на највисоко ниво.
Родригез не ја доби минутажата на која се надеваше, а досега на пет натпревари одигра само 123 минути и затоа размислува за промена на средината во следниот преоден рок.
Како што пренесува шпанска „Марка“, прв во редот за неговиот потпис бил Лацио, кој преговарал со него во текот на летото. Тимот од Рим се уште е заинтересиран да го доведе во своите редови.
Освен нив развојот на ситуацијата меѓу Родригез и Валјекано го следат и турските клубови кои немаат проблем да потрошат пари за да донесат нова ѕвезда во својата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА