Хамес Родригез заврши во болница

Колумбиската фудбалска федерација објави дека капитенот на националниот тим, Хамес Родригез, бил хоспитализиран поради болест што не е поврзана со спортот.

Искусниот 34-годишен Хамес Родригез беше хоспитализиран по пријателскиот натпревар против Франција во Мериленд.

„Ја информираме јавноста и медиумите за здравствената состојба на капитенот на колумбиската репрезентација, Хамес Родригез. По контактирањето со медицинскиот центар во Минесота, беше потврдено дека нашиот фудбалер е под специјалистички надзор поради болест која не е поврзана со спортот. Денот по натпреварот против Франција, тој доживеа тешка дехидратација, поради што беше потребна хоспитализација од 72 часа за превентивно клиничко набљудување и закрепнување. Важно е да се разјасни дека оваа ситуација не е поврзана со повреди на мускулно-скелетниот систем и нема влијание врз неговите фудбалски активности. Медицинскиот извештај укажува на поволен развој и континуирано подобрување“, велат од Фудбалската федерација на Колумбија. 

Се вчитува...