Хамес се премисли, не сака во Наполи

Хамес Родригез долго време флертуваше со Наполи, но колумбискиот ас за време на Копа Америка го промени својот став, па преселбата во Италија повеќе не му е приоритет. Како што информираат шпанските медиуми, Хамес веќе побарал од својот агент да ги интензивира преговорите со Атлетико Мадрид, посочувајќи го тимот на Диего Симеоне како идеален за продолжување на својата кариера.

„Јорганџиите“ ќе бидат во потрага по нов офанзивец по заминувањето на Гризман, а Хамес смета дека одлично може да ја покрие оваа „дупка“ во мадридскиот тим. Потешкиот дел од задачата ќе биде да се постигне договор меѓу клубовите, но и нивниот однос летово е значително подобрен, особено откако Атлетико се согласи да ги плати бараните 50 милиони евра на Реал за Маркос Љоренте.

Впрочем, понудата на Наполи беше само за позајмица на Родригез, додека Атлетико е подготвен да плати 40 милиони евра за веднаш да го откупи Колумбиецот, варијанта што повеќе му одговара на Реал, за парите да бидат пренасочени за ангажман на нови засилувања.

Се вчитува...