Луис Хамилтон има причина за разочараност откако во драматична завршница го загуби првото место на трката во Абу Даби, што значеше и губење на шампионската титула од Макс Ферстапен.
И додека неговите фанови гласно коваат „теории на завера“ поради одлуката трката да продолжи во последниот круг, откако претходните четири минаа со безбедносно возило на чело на колоната, Хамилтон спортски му честиташе на големиот ривал за титулата, прва во кариерата на возачот на Ред Бул.
„Горд сум на она што го остварив сезонава, но пред се сакам да му честитам на Ферстапен и на неговиот тим. И ние како тим направивме извонредна работа, сите работевме многу напорно и тоа ме прави горд. Не се предадовме до последен момент, до последната трка, тоа значи многу. Дадовме се од себе, не се предадовме… Се гледаме следната година“, порача Луис Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА