Луис Хамилтом минатиот викедн ја обезбеди четвртата шамоионска титула во Формула 1, а веќе размислува за идните предизвици. На две трки пред крај, Британецот во Мексико ја прослави новата титула и стана најуспешниот Британец во историјата на Ф1, надминувајќи го Џеки Сјуарт кој освои три титули пред 44 години.
За 32-годишниот Луис Хамилтон, во Ф1 се уште има нови предизвици, иако како што вели, има моменти кога помислува и за повлекување од патеката.
„Понекогаш помислувам за повлекување, но не и за откажување, затоа што сум постигнал многу во овој спорт. Прашањето е кога сакам да сопрам. Кога губиш и кога работите не одат во посакуваната насока, тогаш е откажување. Јас сум во врвот на мојот спорт и можам да сопрам ако сакам. Но, се уште има многу нешта кои сакам да ги правам и во кои сум добар. Работам секој ден и тоа ми се допаѓа. Сакам да сум зафатен и коа пристигнувам на патеката се чувствувам неверојатно затоа што имам поттик“ – вели Луис Хамилтон.
Најголемиот предизвик за британскиот возач во болидот на Мерцедес е да се достигнат рекордните седум титули на Михаел Шумахер. Но, за Хамилтон тоа засега е се уште далечна мисија.
„Не си поставувам за цел да бркам рекорди. Целта ми е подобрам одреднеи елементи со кои мислам дека ќе бидам подобар. Сакам да се натпреварувам и благодарен сум за вештините што ги поседувам зад воланот. Секој викенд некој ми кажува дека сум се доближил, до некој рекорд, но потенцијално имам уште многуи години пред себе и има време за се. Можам да го направам послениот избор како што напарви Нико (Розберг) и да се повлечам со четири титули, но јас мислам дека има уште енергија во мене и предизвик бидејќи доаѓаат потешки времиња и тоа ми се допаѓа и ме предизвикува. Четири е страотен број, но, јас веќе го посакувам бројот пет“ – истакнува Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА