Луис Хамилтон извозе импресивен круг и заслужено ќе ја стартува утрешната трка за ГН на Франција од првата позиција. Болидот на Мерцедес имаше значителен напредок во однос на претходните трки, а Хамилтон знаеше како да го искористи тоа стигнувајќи до 75. пол-позиција во кариерата, прва по десет години во Франција.
На второто место се најде неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека Себастијан Фетел ќе ја стартува утрешната трка од третата позиција. Зад него ќе се најдат двата болиди на Ред бул, возени од Ферстапен и од Рикиардо, додека Кими Раионеон имаше само шесто најдобро време на денешните квалификации.
Повторно тотално потфрли Мерцедес, па така Фернандо Алонсо го освои само 16. место, додека Вандорн ги заврши квалификациите на 18. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА