Луис Хамилтон продолжи со одлични настапи во Формула 1 шампионатот откако светскиот првак стигна до нова пол-позиција, овојпат на патеката во Барселона. Британецот извозе фантастичен круг за време од 1:15.584 минута, оставајќи ги зад себе конкурентите за висок пласман.
За Хамилтон ова беше дури 92. пол-позиција во кариерата, а зад него утрешната трка ќе ја стартуваат Валтери Ботас, Макс Ферстапен и Серхио Перез.
За одбележување е новото очајно издание на Ферари, па така Леклер ќе стартува од деветтото место, додека Фетел на почетокот ќе биде на 11. позиција откако поранешниот светски првак не успеа да се пласира во финалната квалификациска рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА