Луис Хамилтон ќе ја стартува од првото место денешната трка за ГН на Канада, а со 65. пол-позиција во кариерата тој се израмни со неповторливиот Аиртон Сена. Британецот поради достигнувањето на оваа бројка од семејството на бразилската Ф-1 легенда доби пригоден подарок – кацига што Сена ја носел на бројни трки во текот на својата неверојатна кариера.
„Сена беше омилен возач на многумина, па така и на мене. Тој е мојата инспирација, поради него сум овдде денеска. Да го израмнам неговиот рекорд, тоа е нешто што не го ни замислував кога почнував, а овој подарок ми е еден од најмилите што сум ги добил во животот. Затоа, сакам јавно да изразам огромна благодарност до семејството на Аиртон Сена“ – изјави Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА