Продолжува доминацијата на Британецот, Луис Хамилтон во Формула 1 шампионатот, откако славеше и на трката за големата награда на Емилија Романа која се вози на легендарната патека Имола.
Иако по лошиот старт падна на третата позиција, со одличната тактика во боксот Луис Хамилтон успеа да стигне до првото место кое го задржа до крајот. Макс Верстапен кој во еден момент стигна и до втората позиција направи грешка поради која не ја заврши трката, па второто место на пиедесталот му го препушти на Валтери Ботас. Третото место му припадна на Даниел Рикардо од Рено.
Во топ 10 уште завршија и Квјат, Леклер, Перез, Сајнц, Норис, Раиконен и Џованаци.
Со оваа двојна победа Мерцедес ја освои титулата во конструктори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА