Хамилтон: Ф1 мора повеќе да работи на човековите права

Старо новиот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон повторно говореше за човечките права, особено во најбрзиот циркус во светот.

„Добив писма од луѓо кои се занимаваат со одбрана на човековите права. Многу е важно за сите спортови да ги употребат своите платформи за промени. На многу места постои кршење на овие права и тоа е голем проблем. Ние сме еден од малиот број спортови кој поминува во толку многу земји и верувам дека мора да направиме повеќе на полето на човечките права во тие земји. Некои чекори се преземени, но мора повеќе да се работи“, изјави Хамилтон. 

Ф1 караванот се наоѓа во Бахраин каде во недела ќе се вози нова трка во шампионатот.

Се вчитува...