Формула 1 шампионатот ќе продолжи викендов со трката за ГН на Јапонија, на која Луис Хамилтон ќе се обиде да го израмни фантастичниот рекорд на Михаел Шумахер.
Легендарниот Германец во кариерата има шест победи на патеката Сузука (1995, 1997, 2000, 2001, 2002, 2004), а Хамилтон досега има пет победи, со Мекларен во 2007 и потоа како возач на Мерцедес во 2014, 2015, 2017 и 2018 година.
По разочарувачкиот старт на сезоната, тој сепак е оптимист дека ќе успее да извози добра трка во Јапонија.
„Се изначитав глупости како сум бил несреќен, незадоволен од болидот… тоа е толку далеку од вистината…. Нормално е да има проблеми кога се доаѓа во нов тим, нормално е да е потребно време за адаптација. Вистината е дека сите работи напорно и јас сум среќен поради тоа, не се сомневам дека резултатите наскоро ќе дојдат. Ќе сториме се за тоа да се случи веќе на трката во Јапонија“, изјави Луис Хамилтон.
Последните две изданија на јапонското гран-при завршија со победи на актуелниот шампион Макс Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА