Во крајно драматична трка за Големата награда на Бразил, Луис Хамилтон ја однесе победата престигнувајќи го Макс Ферстапен од Ред Бул на 12 круга пред крајот на трката.
Британецот трката ја почна од десетата позиција, но веќе во првите три круга надомести пет места, па многу брзо фати чекор со водечките возачи и потоа во вториот дел од трката имаше директна пресметка со конкурентот за титулата.
И двајцата имаа и меѓусебен контакн во 48 круг за време на претекнување од кое Ферстапен се одбрани, а и двајцата излетаа од патеката. Со оваа победа, 101-ва во својата кариера, Хамилтон го намали заостанувањето зад Ферстапен на 14 бода.
Мала победа Ред Бул однесе така што Серхио Перез „украде“ бод на Хамилтон возејќи го најбрзиот круг на кртака. До крајот на Ф1-шампионатот остануваат уште три трки, а прва следна е за Големата награда на Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА