Хамилтон го кани „мозокот“ на Ред Бул: Ако дојдеш во Ферари ќе ни биде супер

Луис Хамилтон тврди дека е максимално посветен на настапите за Мерцедес откако потпиша договор со Ферари за наредната сезона.

Сепак, резултатите на поранешниот светски првак го говорат спротивното, исто како и неговата последна изјава во која Хамилтон јавно го покани Адриајн Њуи да му се приклучи во италијанскиот тим од наредната сезона. Њуи важи за „мозок“ на тимот на Ред Бул, генијалец задолжен за болидите на повеќекратниот шампион во конкуренција на констуктори, а тој стана особено интересен во јавноста откако во текот на вчерашниот ден објави дека на крајот од сезонава ќе си замине од овој Ф-1 тим.

Очекувано, големите ривали на Ред Бул веднаш тргнаа во офанзива, а Ферари како адут во „флертувањето“ го искористи Хамилтон.

„Ако правам список од луѓе со кои би сакал да соработувам, Њуи апсолутно би бил на самиот врв. Секој тим би бил среќен да го има во своите редови, ако реши да дојде во Ферари би било супер за сите. Ферари веќе има тим од одлични луѓе, но кога би го додале и Њуи, тоа би било неверојатно. За мене како возач би била привилегија да соработувам со него“, изјави Хамилтон.

Њуи (65 години) важи за најдобар дизајнер на болиди во историјата на Формула 1. Зад името на Њуи се запишани 13 титули во конкуренција на возачи и 12 во конкуренција на тимови, како предводник на тимовите на Вилијамс, Мекларен и Ред Бул.

Се вчитува...