Луис Хамилтон е на втората позиција на вечната листа според бројот на освоени Формула 1 титули. Со вторто место на трката во САД вчера, тој дојде до нов шампионски успех, шести вкупно со кој се одвои од Емануел Фанџо кој има пет трофеи, а дојде само на една титула зад засега најуспешниот, Михаел Шумахер.
„Работам на ремек-дело и ми треба уште време да го завршам. Треба време за да се стане мајстор во занаетот. Сакам да растам заедно со тимот и постојано да ги барам решенијата за празните места во сложувалката. Она што секако го знам, а татко ми ми го кажа уште на шест години е да не се откажувам никогаш“ – вели Хамилтон.
Луис Хамилтон во Ф1 дебитираше во 2007 година, од тогаш има 248 трки, 87 пол позиции, 150 подиуми и 83 победи. Од Шумахер заостанува и по бројот на победи, германскиот ас има 91. Британецот сега е осамен на листата со шест титули, со пет е Фанџо, по четири имаат Алан Прост и Себастијан Фетел. Германецот и Кими Раиконен, покрај Хамилтон се двајцата кои се на листата освојувачи на шампионатот, а кои се натпреваруваат и во оваа сеозна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА