Хамилтон го продолжува договорот со Мерцедес до трката во Канада

Директорот на Мерцедес, Тото Волф вели дека Луис Хамилтон би можел да го продолжи договорот до трката за Големата награда на Канада, престојниов викенд.

Договорот на Хамилтон со Мерцедес истекува за шест месеци, се шпекулираше дека има понуда од Ферари, но Волф вели дека британскиот возач е на чекор од постигнување договор со Мерцедес.

„Тоа наскоро ќе се случи, зборуваме за денови, а не за недели. Се трудиме тоа да го завршиме пред трката во Канада. Ќе се видиме и денеска со него. Имаме така добар однос, што се плашиме и двајцата од моментот кога треба да зборуваме за парите“ – вели Волф.

Се очекува повеќегодишен договор со 38-годишниот возач, со што би останал во Формула 1 и после својата 40-та година.

„Луис е најважната личност во овој спорт. Тој е сестран, не се работи само за трките, туку и надвор од патеката. Мора да го задржиме што подолго во овој спорт“ – дополнува Волф.

Се вчитува...