Хамилтон го собори рекордот на Михаел Шумахер

Луис Хамилтон успеа да го сруши рекордот на Михаел Шумахер по трката во Сингапур. Седумкратниот светски шампион, кој од оваа сезона вози за тимот на Ферари, не ја заврши трката во Сингапур славно, но успеа да го сруши рекордот на славниот Германец.

Британецот го извози најбрзиот круг на гореспоменатата трка, и со тоа успеа да заврши барем една голема награда со најбрз круг – 16 години по ред.

Така беше срушен рекордот на Михаел Шумахер, кој го постави токму во Ферари, со кој доминираше во Формула 1 на почетокот на овој век.

Хамилтон на крајот не беше задоволен од исходот на трката, бидејќи Кими Антонели успеа да го престигне еден од најдобрите возачи досега на финишот од трката, па Хамилтон заврши само на осмото место.

Се вчитува...